На 25 Ноември 2014 во кампусот на ЈИЕУ во Тетово во рамките на Глобалната недела на бизнис ангелите 2014 се одржа настанот Студент - Моќта за иновации, која наменета за студенти и млади претприемачи.
На 24 октомври, 2014 во кампусот на ЈИЕУ во Тетово, како дел од Европската недела на кодирање 2014 се одржа обука за развој на мобилни апликации и иновативни ИКТ алатки, која беше наменета за средношколци, нивните родители и постарите лица.
На 20 септември, 2014, во ЈИЕУ кампусот во Скопје, во свечена церемонија сe отвори првата cтаница за полнење на електрични возила во Македонија, во присуство на министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Нурхан Изаири, претседател на EMKICE, г-дин Илија Вучков, сопственик на Тесла модел С и претприемач, г-дин Саша Cvetojevic и директорот на SEEUTechPark, д-р Азир Алиу.
Почитувани студенти,ве покануваме на нашиот прв Camp Startup во Тетово, спонзориран од Bridge Technology, Универзитетот на Југоисточна Европа и SEEUTechPark.
На 2 јуни 2014, во ЈИЕУ Кампус Скопје беше потпишан конзорциумскиот договор за стратешка соработка за искористување на директните ЕУ фондови за периодот 2014-2020. Целта на овој договор е да се промовира меѓусекторската соработка за користење на директните ЕУ фондови достапни за лица во Република Македонија, а со цел да се зголеми промоцијата, иновацијата и конкуренцијата во малите и средните претпријатија.
На 15 Мај, 2014 година, на свечената церемонија, SEEUTechPark ја прослави неговата прва годишнина, во присуство на бројни гости: Директорката на Фондот за Иновации и Развој на Технологијата, Јасмина Поповска; Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Мендерес Кучи; претставници на институции, компании, професори и дипломатски кор.
На 26 март,2014 по трет пат се одржа панел дискусијaта, Wenesday Talk под покровителство на SEEUTechPark. Дискусијата покри тема за тоа како Бизнис инкубаторите и Бизнис Стартап центирите може да помогнат при трансформирањето на бизнис идеи во реални и профитабилни бизниси
На 17 ти, март 2014 SEEUTechPark и EMKICE & Ilumine потпишаа договор за соработка. Главната цел на договорот е да се обезбеди взаемна поддршка и услуги со употреба на заеднички ресурси, во согласност со можностите на пазарот и потребите на потенцијалните клиенти и соработници.
На 26 февруари,2014 се одржа втората панел дискусија организирана од SEEUTechPark. На вториот Wednesday TALK! се дискутираше на тема како една бизнис идеја да се трансформира во профитабилен бизнис, како во текот на работењето да се превземаат иновации кои се неопходни за успехот на една компанија и како да се воведат отворени иновации.
Повик за аплицирање со бизнис идеа во SEEUTechPark Инкубаторот кој ќе ви помогне во сите фази на започнување и развој на вашиот бизнис.
На 18 декември, 2013 година се одржа првата панел дискусија организирана од SEEUTechPark . Wednesday TALK! е дизајниран со цел да им обезбеди можност на студентите и секој кој сака да присуствува, да слушнат мислење од реномирани предавачи и да водат дискусија во врска со одредена информација, тема или да споделуваат лични искуства и ставови.
На 2 ноември, 2013, SEEUTechPark официјално го отвори првиот Бизнис Инкубатор во регионот на северозападна Македонија. Станува збор за институција која има цел да им помогне на сите претприемачи во отпочнување и развивање на нивниот сопствен бизнис.
На 21 Ноември во Тетово- Македонија, се одржа работилницата на тема "Европската недела на бизнис ангели " : Соработка помеѓу приватниот сектор и науката, одржливост и создавање на претприемнички екосистем кој им е потребен на компаниите.
SEEUTechPark ja организира првата панел дискусија која ќе се одржува секој месец - “Во Среда".
Cisco Networking Academy
Modern technologies used to inspire social change and better quality of life for young people
Дали Вие би сакале да бидете дел од возбудливо искуство? Придружете му се на нашиот тим во фабриката во СКОПЈЕ